MKDNews.com

Трагедија на прославата на денот на американската независност (видео)

јули 05
16:01 2013

Трагедија на прославата на денот на американската независност во местото Сими Вели во близина на Лос Анџелес.28 лица се повредени во огнометот , што предвреме се активирал пред да биде истрелан во воздух.

Полицијата се уште нема сознанија колку луѓе биле во близина на експлозивните направи , на прославата на која присуствувале неколку илјади.

20 од повредените се однесени во локалната болница со полесни повреди ,а уште осуммина биле згрижени на самото место на несреќата.
Специјални единици го деактивирале остатокот од експлозивот.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment