MKDNews.com

Tour de France: Само формалност меѓу Фрум и победата

јули 20
23:21 2013

Колумбиецот Наиро Квинтана беше најбрз на 20.та етапа од 100.то издание на Тур Д‘ Франс. Тој патеката долга 125 километри од Анеси до Анеси Семно ја мина за 3 часа 39 минути и 3 секунди

Многумина веќе го прогласија Крис Фрум за победник на 100. издание на Тур де Франс! Сепак, за официјализална потврда ќе почекаме до утрешната, последна, формална етапа, а денеска констатираме дека Фрум го зададе решавачкиот удар за вкупен триумф на турнеата.

По 125 километри од Анеси до Семноз, Британецот од Тим Скај го освои третото место, со 29 секунди задоцнување зад победникот Наиро Квинтана, од Мовистар. Второ место заврши Жоаким Родригез од Катјуша, додека Алберто Контадор беше дури седми, со 2:28 зад најдобриот и тоа го истисна надвор од првата тројка во генералниот пласман.

Фрум има предност од 5:03 пред Квинтана и уште дополнителни 43 секунди во однос на Родригез, што претставува, речиси, гаранција за вкупна победа. Потребно ќе биде само безбедно да заврши на утрешното возење од Версај до Париз.

„Не можам да верувам дека сум во ваква позиција. Ова е неверојатно, дури немам зборови да опишам како се чувствувам. Се уште треба да се дотркалам до Париз, в недела, но тоа е тоа, распоредот се направи денеска“, изјави Британецот кој ќе го наследи тимскиот колега Бредли Вигинс, кому, пак и самиот значително му помогна за да стигне до триумфот, лани.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.