То Парон: Обама за Скопје ќе бара име „Made in USA”
Американскиот претседател Барак Обама ќе изврши голем притисок врз грчкиот премиер Андонис Самарас на средбата закажана на 8 август во Вашингтон, пишува денеска весникот „ То Парон”.
– Пораките кои пристигнуваат од преку Атлантикот се јасни и не многу оптимистични… Вашингтон сака ова прашање да се речи што е можмо побргу, доколку е можно и до крајот на 2013 година и на состанокот на 8 август Обама ќе бара да се прецизира, пишува грчкиот весник.
Според „Парон”, Американците се за името „Горна Македонија” и прашањето е дали Самарас ќе го прифати.
– Нема простор да не го прифати, изјавиле дипломатски извори за весникот поврзани со американсата Амбасада во Атина.
Според грчките аналитичари, прашањето е дали таквиот исход ќе го прифати и пратеничката група на Нова демократија.
Во меѓувреме, сите грчки медиуми денеска јавија за вчерашната средба во Брисел на министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Попоски и Евангелос Венизелос, но засега без коментари. Како што јавува дописникот на МИА од Атина, во извештаите претежно се цитира соопштението од македонското МНР.
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment