MKDNews.com

Тито Петковски:Судијата се потресе кога го виде Груевски

јули 16
18:11 2013

Лидерот на НСДП, Тито Петковски, најави дека ќе поднесе жалба откако Основниот суд 2 одлучи да му одреди парична казна од 650 илјади денари за навреда и клеветење на премиерот Никола Груевски.

Како што вели, спорот не би го изгубил доколку Судот одлучува независно. За негo пресудата претставува потврда за силното влијание на извршната врз судската власт.

– Спорот немаше да го изгубам ако се применуваа законските акти. Овој судија се потресе кога го виде премиерот, односно тој што тужи. Ако го прочитал и разгледал законот немаше шанса да изрече надомест на штета – рече Петковски.

Тој забележува и на брзината на донесувањето на пресудата. Посочи дека на втори овој месец е одржано првото рочиште, главната расправа на 11-ти, а Судот ја соопшти одлуката два дена подоцна.

Петковски најави дека за случајот ќе ги извести претставништвото на ОБСЕ во Македонија, како и амбасадорот на Европската комисија.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.