MKDNews.com

Тина Тарнер се омажи на 73 години

јули 18
21:33 2013

Пе­јач­ка­та Ти­на Тар­нер се ома­жи за дол­го­го­диш­ни­от пар­тнер, од­нос­но склу­чи гра­ѓан­ски брак во Швај­ца­ри­ја, по што ќе сле­ду­ва бу­дис­тич­ка прос­ла­ва во нив­ни­от дом на бре­гот од Ци­риш­ко­то Езе­ро, во при­су­ство на 120 гос­ти.
Се­дум­де­сет и три­го­диш­на­та пе­јач­ка поз­на­та по хи­тот “Ед­нос­тав­но нај­до­бар” (Симплѕ тхе Бест), се ома­жи за гер­ман­ски­от му­зич­ки про­ду­цент Ер­вин Бах во ци­риш­ко­то пред­гра­дие Кис­нат, ка­де што жи­ве­е­ја тие. Тар­нер, осум­крат­на до­бит­нич­ка на наг­ра­дата Гре­ми, ќе прос­ла­ви за сво­јот брак на бу­дис­тич­ка прос­ла­ва во нив­на­та па­ла­та ви­кен­дов, об­ја­ви­ја швај­цар­ски­те вес­ни­ци.
Пе­јач­ка­та е ро­де­на во Те­не­си, но жи­вее во Швај­ца­ри­ја ре­чи­си 20 го­ди­ни и се шпе­ку­ли­ра де­ка им ис­пра­ќа­ла фла­е­ри на со­се­ди­те за да ги пре­дуп­ре­ди за как­ва би­ло вре­ва од па­ла­та­та, ка­де што се пос­та­ву­ва ма­ла сце­на за за­ба­ва­та.
Тар­нер бе­ше мно­гу поз­на­та во 60-ти­те и 70-ти­те со нас­та­пи­те со сво­јот то­га­шен соп­руг Ајк Тар­нер. Но во 1978 го­ди­на, двој­ка­та се раз­ве­де бур­но и со мно­гу те­па­ње. Нив­ни­от брак бе­ше опи­шан во фил­мот од 1993 го­ди­на, “Как­ва вр­ска има љу­бов­та со тоа” (нас­ло­вен по еден од неј­зи­ни­те хи­то­ви со кои во 80-ти­те за­поч­на неј­зи­на­та со­ло-ка­ри­е­ра.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment