MKDNews.com

Тешка сообраќајка: загина 8 годишно дете пред Битола

јули 25
23:51 2013

Дете старо 8 години загинало во сообраќајна несреќа во Битолско, која се случила во 11.45 часот на регионалниот пат Битола-Будаково-Алинци кај место викано „Лозја”, извести СВР Битола, пренесува телевизијата Тера.

Детето било во автомобил управуван од негов роднина, 26-годишниот (Ј.А). Обајцата се од селото Будаково. Автомобилот „опел вектра“ поради преголема брзина излетал од патот, преминувајќи ја спротивната лента, по што се превртел и застанал во тревата крај патот.

Детето со тешки телесни повреди е пренесено на Интерно одделение во битолската Клиничка болница, каде е пружена реанимација, но повредите сепак биле фатални.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.