MKDNews.com

Тешка сообраќајка кај Меџитлија, еден загинат еден тешко повреден

јули 18
16:19 2013

Тешка сообраќајна несреќа во која едно лице е починато се случила денеска околу 12.50 часот на патот Битола – граничен премин „Меџитлија“, католско, во близина на граничниот премин Меџитлија, на државната граница од Република Македонија кон Република Грција.

Според првичните информации на полицијата, загинат е 49- годишниот Томе К. од Битола, а патничка, грчка државјанка од другото возило, е потешко повредена.

Во сообраќајнката учествувале две возила, „југо“ кое го управувал сега покојниот Т.К. и возило марка „нисан“ со грчки регистерски таблички, во кое повредена е само сопатничката на возачот кој поминал со гребнатинки.

Најверојатно до несреќата дошло при директен судир на „југото“ и „нисанот“, бидејќи возилата се движеле во спротивен правец. Сообраќајот на патот каде се случила несреќата е затворен сè додека полицијата не заврши со увидот.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.