MKDNews.com

Татко е на 10 деца и тврди дека има 141 година

јули 23
06:21 2013

Индиецот Фероз ун-Дин-Мир од Кашмир тврди дека има 141 година и дека поседува извод кој докажува дека е роден на 10. март 1872 година.Таткото на десет деца вели дека има крштеница на која како датум на раѓање стои 10. Март 1872 година.

Feroz-Mir-from-Kashmir-aged-142Фероз ун-Дин-Мир тргнал по стапките на својот татко Матули и станал трговец со овошје.
Дин Мир е роден во планините на северот на Кашмир. Долги години живеел и работел во Пакистан. Тој се женел пет пати, а првиот пат во 1890 година. моментално е во брак со својата петта жена, која е помлада од него цели 60 години.
И покрај неговите тврдења дека е стар речиси век и половина, Дин Мир се уште се движи сам, без ничија помош.
И покрај тоа што видот му е ослабен и едвај зборува, тој ги препознава сите членови на неговото семејство.

„Од него како деца имаме слушнато толку многу приказни и никогаш не можевме да се заситиме. Тој е интересен човек и е сведок на многу значајни случувања во историјата”, вели неговиот внук Абдул Рашид.

Претставниците од Гинисовата книга на рекорди најавија дека ќе ги проверат тврдењата на Индиецот Фероз Ун Дин Мир, кој вели дека е стар речиси век и половина. Доколку неговите наводи се покажат како точни, Дин Мир ќе биде прогласен за најстариот човек на светот.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.