MKDNews.com

Танјуг: Србите наскоро национално малцинство во Србија?

јули 14
18:01 2013

Србија е прва земја на Балканот по стапката на морталитет, а последна по стапката на наталитет, и веќе со години се соочува со негативен природен прираст, пишува во неделата српската новинска агенција Танјуг.

Според професорката Гордана Живковиќ од Институтот за европски студии, истражувањата покажуваат дека Србија веќе со децении се соочува со криза во раѓањата, а по бројот на живородени деца, го зазема последното место во цела Европа.

„Кога би ги земале како појдовна точка емпириските податоци за бројноста на балканските народи во почетокот на XX век, би дошле до катастрофални заклучоци. Од сите балкански народи, единствениот народ којшто не се зголеува, туку бавно умира, е српскиот народ”, изјавила Живковиќ, наведувајќи ги како примери албанскиот, турскиот и романскиот народ, чија бројка е значително зголемена.

„Може да се каже дека Србите како нација веќе наголемо изумира. Ако се продолжи со ваквиот тренд, Србите во 2030-та година ќе ги има на број помалку од 50 само во Србија, во 2070-та година ќе имаме два ипол пати повеќе луѓе кои се постари од 65 години, наспроти деца помлади од 15 години, што претставува биолошка точка од која нема враќање”, вели Живковиќ. За неа, причините за слабиот наталитет не се само економски.

„Секако дека не може да се намали значењето на економскиот фактор, но сметам дека нискиот животен стандард и сиромаштијата не претставуваат и клучен фактор. Најголемата стапка на наталитет е токму во оние земји кои се неразвиени и сиромашни”, вели таа.

Според државниот секретар на Министерството за вработување и социјална политика, Бранкица Јанковиќ, економската криза е одлучувачка за стапката на наталитетот, но додава дека причините можат да се бараат и од медицинска природа, имајќи ги во предвид економската криза, санкциите, војните но и фактот дека постои одлив на мозоци, што значи дека младите и репродуктивно највитални бегаат од земјата токму кога е време за да започнат со основање на фамилија. Сепак, според нејзе има и една друга димензија на проблемот.

„Младите кои денес имаат едно или две деца се во постојан страв за својата иднина, и поради тоа не сакаат да имаат повеќе деца. Ова говори и за нивната одговорност и одгорното планирање за фамилија”, смета Јанковиќ.

Во Србија, според пописот на населението од 2011-та година, живеат 7.186.862 граѓани, бројка која е за 311.139 помала од пописот спроведен во 2002-ра година. Резултатите од пописот наведуваат дека покрај намалувањето на бројот на жителите поради негативниот природен прираст, како една од основните причини е и иселувањето во странство, односно емиграцијата

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment