Субрата Рој во Охрид во средината на јули
Како што информираше денес градоначалникот на Охрид Николa Бакрачески, кој имаше средба со претставници на Сахаријан – Македонија познатиот индиски мултимилјардер Субрата Рој на 11 и 12 јули ќе престојува во Охрид, а на која било разговарано за активностите поврзани со реализацијата на хотелско-туристички комплекс во Љубаништа.
„Добивме информација дека на 11 и 12 јули во Охрид ќе престојува претседателот на Сахарија Индија
Групацијата Субрата Рој кога ќе имаме работна средба на која ќе добијам потполни информации околу сите работи поврзани со проектирањето и реализацијата на овој проект, за кој верувам дека активностите ќе се одвуваат во најдобар ред и кој што до 2020 година ќе биде изграден“, кажа градоначалникот Бакрачески.
Индијците од Бакрачески побарале обезебедување на дополнителни 17 хектари за изградба на сместувачки капацитети за парсоналот кој ќе работи на тој комплекс.
„Во моментов се усогласува нашата законска регулатива, во поглед на добивање согласности за непречено одвивање на работите и се работи на идејниот проект од страна на архитектонската компанија “Аткинсон” од Лондон.Сепак, ингеренциите за реализација на овој проект се во рацете на владата“, рече Бакрачески.
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment