MKDNews.com

Струмичанец за змијата: И да ме апне, нема да ме отрове! (видео)

јули 21
02:42 2013

Деновиве струмичките колеги од strumicanet.com овјавиле приказна каде беше опишана ситуација во која змија од два метри се појавила среде бел ден во градот и дојде во контакт со граѓани. Змијата е смок, не е отровна, но доволно опасна да усмрти човек со давење.

zmija-srkВо аудио запис поставен на јутуб Струмиланецот кој го фатил смокот на автентичен струмички дијалект случката ја опиша вака:

„Уште кога видов дека во околината почнаа да се одвиваат градежни зафати, ми текна дека е можно од тоа неурабнизирано парче земја да се појави „некое чудовиште“ – вели соговорник на снимката.

Залудно се обидувале да ја стават во кутија, па на крај ја фатил со голи раце.

„Беше неверојатно кога после три-четири часа на тротоарот видов змија од речиси два метри. Од пријател побарав да донесе џогер и празна кутија за да ја прибереме. Колку и да се обидувавме да ја подигнеме, змијата успеваше да се откачи од џогерот. Си реков „смок е, и да ме касне – нема да ме отрови“, па собрав храброст, ја фатив за опашка и право во кутијата! (Фанах га з’пашката и у кутиита га ставих)

Видеото е Аудио исто како смокот што е змија ,слушнете

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment