MKDNews.com

Српската жандармерија влегува во Косово, тврди косовски градоначалник

јули 15
19:00 2013

Градоначачникот на Косовска Каменица, Шаип Сурдули тврди дека припадници на српската жандармерија навлегуваат на територијата на Косово и „продолжуваат да провоцираат и да предизвикуваат несигурност меѓу граѓаните“ на неговата општина.

Во изјава за „Коха диторе“, како што пренесе Танјуг, Сурдули вели дека е вознемирен од тоа што КФОР и централните власти во Приштина на реагираат на ваквата појава.

Весникот наведува дека во косовската Влада добиле информација оти за ова прашање „ќе разговараат во Брисел“, додека КФОР навел дека во тој дел на општина Каменица нивни војници патролираат заедно со припадниците на српските сили.

Весникот наведува дека фотографија што ја снимиле граѓани на населбите Карачево и Рогачица, ги негира ваквите тврдења на КФОР, бидејќи на неа се гледаат само припадници на српската Жандармеријата.

Жители на селата изјавиле дека минатата недела биле интензивирани патролите на српската жандармерија, чии припадници „нвлегуваат на територијата на Косово, во близина на селата Карачево и Рогачица“.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment