MKDNews.com

Српската жандармерија не подготвува побуна, на Интернет кружеле лажни информации

јули 18
01:04 2013

На социјалните мрежи и преку електронска пошта ширум Србија се проширија лажни информации дека Жандармеријата подготвува побуна по смената на командантот Братислав Дикиќ, кого од должност го смени премиерот на Србија Ивица Дачиќ, а по предлог на директорот на полицијата Милорад Вељовиќ, дознава Телеграф.рс.

Според Телеграф.рс, испраќањето на лажните информации кои пристигнале на интернет адресите на многу редакции, било режирано од страна на офицерите кои му останале лојални на командантот Братислав Бата Дикиќ.

– Многу медиумски редакции добиле лажни информации дека Жандармеријата подготвува побуна по смената на Бата Дикиќ која ја иницирал директорот на полицијата Милорад Вељовиќ, а полицијата веднаш ги предупредила сите дека се работи за чиста измама и дека зад тие пораки не стојат припадниците на Жандармеријата. Не знам кому му треба тоа – вели соговорникот на Телеграф.рс.

Утринава на Братислав Дикиќ му беше врачена одлука за разрешување, велат во Министерството за внатрешни работи, а тој тоа мирно го прифатил.

Дикиќ бил распореден на нова должност во склад со својата стручна спрема, а до избор на нов командант на Жандармеријата, со единицата ќе раководи досегашниот заменик на Дикиќ, Миленко Божовиќ.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.