MKDNews.com

Споменик во Непроштено за Македонците киднапирани од ОНА

јули 20
06:57 2013

По дванаесет години од конфликтот, во Непроштено ќе биде подигнат првиот споменик за цивилните жртви, кои во јули 2001 година беа киднапирани од страна на поранешните припадници на ОНА. Жртвите беа грабнати од своите домови, ниви, дворови и улици, за потоа да бидат и свирепо убиени и закопани во непознати гробници, пишува „Дневник“.

Дванаесет години трае потрагата на роднините на киднапираните Македонци по своите блиски. Тие и натаму порачуваат дека ни амнестијата ни времето нема да ги скршат и да ги одвратат од потрагата по најмилите за да може, како што велат, достојно да ги закопаат. Велат, нема да се откажат сè додека не се најдат телата на сите 12 киднапирани и убиени Македонци.

– Трагаме и никогаш нема да се откажеме од намерата да ја дознаеме вистината што се случи со нашите блиски. Kој ги киднапира и уби и каде се закопани – вели член од семејството Михајловски.

Во Непроштено е уреден спомен-парк посветен на четворица од киднапираните, а се чека на споменикот, за да може и официјално да биде промовиран. Албанците во својот дел од селото веќе 10 години имаат споменик на загинати припадници на ОНА.

Tags

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment