MKDNews.com

Спектакуларен крај на пиво-фест Прилеп (фото)

јули 22
04:53 2013

Четири денови и ноќи забава, многу тони пиво и изедена скара. Завршува прилепскиот пиво фест 2013 година.

Маестро Зоран Џорлев ја загреа атмосферата со одличен бенд и прекрасни песни. Голем огномет предизвика овации кај публиката.

Со настапот на маестралниот Горан Бреговиќ и неговиот оркестар, се заокружи последната вечер од единаесетиот по ред „Пиво фест“ во Прилеп. Познатите хитови музичката легенда само дополнително ја загреаа насобраната публика која веќе ги пиеше последните резерви на пиво.

Некои од организаторите велат дека и ним не им било кажано дека членовите на бендот ќе сакаат да останат и да преспијат после настапот.

Овој „Пиво фест“ ќе остане како еден од најпосетените, а градот за в година ветува побогата програма и уште подобра организација.

[print_gllr id=11894]

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.