MKDNews.com

Сопственикот на Комуникација.мк „директорувал“ во ВИП и АМС, а должи преку милион денари

јули 07
00:54 2013

Се претставувал како директор во мобилниот оператор ВИП, директор на Агенцијата за мледи и спорт, менаџер на фестивал кој не се одржува повеќе од 10 години, функционер во Агенцијата за управување со конфискуван имот. Уште четворица оштетени граѓани поднеле пријави против Бобан Насев, сопственикот на порталот Комуникација.мк кој беше приведен минатиот викенд, дознава Пресс24.

На сите им ветувал вработување со неверојатни приказни. На еден како директор во ВИП му ветил специјализација за ќерката во САД и вработување во Владата како дипломат за односи со јавност. Му наплатил 6.000 евра за лажна диплома по англиски за неговата ќерка со која ширум би и се отвориле портите кон успехот.

Како наводен директор во Агенцијата за млади и спорт успеал од штипјанка да земе околу 6.000 евра за вработување како негова асистентка и службено патување со него во Амстердам.

Слично постапил и наплатил и кога се претставил како директѕор на Агенцијата за конфискуван имот.

Најневеројатно е како измамил кочанчанец дека неговиот син ќе настапи на фестивал кој не се одржува повеќе од 10 години.

Од овие оштетени прибавил вкупно 19.500 евра. Претходно го пријавија петмина со кои вкупниот профит на Насев достигнува до 40.000 евра.

Тој е во притвор со одлука на истражен судија за повеќе дела на измама.

Според наши извори „Бобо Разбираш“ на луѓе надвор од Скопје им се има претставувано дека е инспектор во 6-та управа во МВР им ветувал вработувања за одреден надомест.

„Го бараат од многу места луше на кои им должи од 2-3000 до 10 па и 15000 евра, не за џабе ја сележе редакцијата (безпардон) на секои 2 месеци на нова локација.
И сега посто многу луге го дознаа реши да се повлече препужтајќи ја Безпардон.мк на друг. (да биде прикриен во позадина)„ вели нашиот извор .

smetka
Исто така само на вработените на Безпардон.мк им должел 871 845,00 денари со вкупна сума на сите заедно од 1 172 017.00 денари за кое сведочи и документот кој го добивме (кликни тука да го видите)

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.