MKDNews.com

Со „Google Earth“ ја открила најголемата пирамида на светот?

јули 20
21:25 2013

Американскиот археолог Ангела Микол, забележала во басенот на Нил две локации со необичен облик, меѓусебно оддалечени 140 километри.

Миколиното откритие наишло на отпор од другите археолози, но прелиминарните истражувања на тлото, со помош на античките мапи, укажуваат дека локациите навистина би можеле да бидат точни.

Ако навистина станува збор за изгубена пирамида, таа би била најголемата пирамида откриена некогаш.

Микол до откритието дошла во својот дом во Северна Каролина, комбинирајќи фотографии од „Google Earth“ веќе цела деценија. Таа наведува дека на таа локација веќе можат да се најдат необични пукотини и шуплини.

Локацијата се наоѓа на 20 километри оддалеченост од градот Абу Сидхум, а вклучува и двесте метри широко триаголно плато, кое е три пати поголемо од Големите пирамиди во Гиза.

Микол открила како овие формации обележани како пирамиде на многу антички мапи.
Нејзиното откритие наишло на критика кај многу археолошки и геолошки авторитети кои не веруваат дека алат како „Google Earth“ може да донесе вистинско откритие. Необичните купови на песок тие ги завеле како аномалии или ветрено нанесени формации, вообичаени за пустината.

„Веднаш од кога смири се, ме контактираше еден пар од Египет, кој тврдеше дека има важни историски референци за двете локации“, вели Микол.

Колекционерот на мапи, Медат Камал Ел-Кади, некогашен амбасадор во Султатанатот Оман и неговата сопруга Хаиди Фарук Абдел-Хамид, поранешна советничка на египетскиот премиер, наведуваат како овие формации се означени како пирамиди на повеќето од нивните антички мапи документи.

За „Discovery News“ навеле како поседуваат 34 мапи и 12 документи напишани научници и официјални лица и кои ја поддржуваат теоријата на Микол.

Археолозите идентификуваа друга група на можно изгубени пирамиди во близината на Оазата Фајум, а индентификувани се на три мапи кои укажуваат на тоа дека четири купови на песок кријат антички богатства. Една од тие мапи ја нациртал инженерот Наполеон Бонапарта.

v4_big-630x425

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment