MKDNews.com

Сноуден тврди дека германската БНД е „под исто ќебе“ со НСА

јули 07
17:46 2013

Дали американската тајна служба НСА соработувала со германската тајна служба БНД потесно отколку што досега беше познато? Едвард Сноуден го тврди токму тоа во интервју за „Шпигел“.
Во интервју за Шпигел, тој вели дека агенти на НСА соработуваат со Германци и голем број други западни држави. Според него постои и одделение на НСА кое се вика Директорат за надворешни работи соработува со странски тајни служби.

Партнерствата се организирани со ултиматум. Доколку јавноста дознае колку флагрантно се крши приватноста во светот, властите во други држави можат да ги навредуваат нивните политички лидери, тврди поранешниот американски шпион.

Интервјуто со Сноуден е водено преку имејл. Американскиот експерт за шифрирање податоци Џејкоб Апелбаум и авторката на документарни филмови Лора Поитрас ги поставиле своите прашања преку кодирани имејл пораки непосредно пред Сноуден да биде стане познат ширум светот со обелоденувањето на програмата за надгледување „Призма“.
Инаку, Сноуден се‘ уште се наоѓа на аеродромот во Москва. Владите на Венецуела, Никарагва и Боливија му понудија азил. Прашање е како Сноуден ќе стигне во тие земји, со оглед на тоа што веќе не поседува важечки пасош, кој му е анулиран од страна на САД.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.