MKDNews.com

Смртта има флуоресцентно сина боја и може да се спречи, велат научниците (видео)

јули 25
21:19 2013

Британските научници го забележаа моментот кога смртта се шири во телото, при што наликува на бран со големина на црв. Всушност тие забележале дека смртта се шири од клетка до клетка во флуоросцентно сина боја, се додека целиот организам не биде мртов.
Истражувачите од “Wellcome Trust and the Biotehnology and Biological Sciences Research Council” – ББСРЦ во Велика Британија веруваат дека ова истражување може да биде корисен модел за разбирање на тоа како настапува смртта кај луѓето и дека ќе успеат да го зголемат траењето на животот.
Имено, кога одредени клетки ќе умрат, тие покренуваат верижна хемиска реакција за разложување на компонентите на клетките и изградба на молекуларни брани.
Тие механизми се добро познати на ниво на клетките, но досега научниците знаеа мошне малку за тоа како смртта се шири во организмот.

„Црвот на смртта“ може лесно да се види под мокроскоп и тој наликува на бран од флуоросцентно сина боја, кој патува низ внатрешноста на телото

Во студијата објавена во списанието PLoS Biology докажано е дека флуоросцентната боја потекнува од некрозата на клетките.

„ Препознавме хемиски пат на самоуништување на клетките. Тоа е всушност „син косач“, кој постепено го гасне целиот организам“, изјави професорот Дејвид Џејмс од Инстиутот за здравје и стареење на Универзитетот во Лондон.

„Кога ќе му го блокираме патот, можеме да ја одложиме смртта, која настанала од некој надворешен фактор, како инфекција, но не можеме да ја успориме смртта, која е последица на стареењето“, додаде тој.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.