MKDNews.com

СМК со осуда на грчката дискриминација во слободата на движењето на Македонците

јули 23
18:41 2013

Светскиот Македонски Конгрес (СМК) изразува загриженост заради зачестените расистички мерки на грчките власти на граничните премини за забрана за влез на македонски државјани во Хеленската Република, само затоа што се Македонци по потекло.

СМК со индигнација ја отфрла оваа грчка фашизоидна политика, која Атина сто години ја практикува кон Македонците во целина.

Ваквото однесување на Атина не е во функција на унапредување на добрососедските односи и јакнење на меѓусебната доверба, иако Хеленската Република прифатила да се воздржува од наметнување какви било пречки во движењето на луѓе и стоки помеѓу териториите и низ териториите на Македонија и Хеленската Република и се обврзала дека ќе соработува со Македонија заради овозможување на ваквите движења во согласност со меѓународното право и обичаи.

СМК ги повикува Европската Унија и Соединетите Американски Држави за мерки кон Хеленската Република за спроведување на слободата на движење на Македонците во Грција.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.