MKDNews.com

СМК, МАТИЦАТА, МАКЕДОН И СМИР – Заедно: 100 години окупација врз Македоија – 100 години геноцид врз Македонцита!

јули 19
19:16 2013

Годинашниве средби и собранија на Светскиот Македонски Конгрес (СМК), Матицата на иселениците од Македонија (МИМ), Сојузот на Македонците од Егејот МАКЕДОН и Сојузот на Македонците со исламска религија под слоганот “100 години окупација – 100 години геноцид“, се во знакот на одбележувањата на стогодишнината од Балканските војни 1912-1913 година и Букурешкиот договор од 10 август 1913 година што ја смени гео-политичката и етно-историската карта на Македонија и на македонскиот народ. Силно ќе го провомираме македонскиот свет и универзалните вредности на македонската цивилизација, под слоганот “Сите Македонци еден за друг“ – “All Macedonians for one another“!

42 СВЕТСКА МАКЕДОНСКА СРЕДБА – ТРНОВО 2013

Во организација на Матицата на иселениците од Македонија, Светскиот Македонски Конгрес и Сојузот на Македонците од Егејот МАКЕДОН на 2 август на ден Илинден, во црквата “Успение на Пресвета Богородица“ во потпелистерското село Трново, битолско, ќе се одржи Четириесет и втората Светска Македонска Средба Трново 2013. Очекуваме масовна посета на Македонците од сите делови на Македонија и од целиот свет.

Присутните очекуваме да ги поздрави министерот за надворешни работи во Владата на Република Македонија и градоначалникот на Битола Владимир Талевски како покровител на Средбата. Средбата ќе ја благослови епископ на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија. Подготвена е богата културно-уметничка програма во која ќе учествуваат повеќе културно-уметнички друштва. Програмата ќе започне во 10.30 часот.

Македонците од Егејскиот дел на Македонија и Сојузот на Македонците од Егејот МАКЕДОН масовно ќе учествуваат на Четириесет и втората Светска Македонска Средба во Трново 2013, која традиционално се одржува на 2 август. Од 1971 до 1980 година во Трново се одржуваше една и единствена Македонска средба. Сакаме јасно да му ставиме на светот дека ние не сме Егејци, Пиринци, ни Вардарци, ние сме Македонци и затоа сме за една единствена Светска Македонска Средба на Свети Пророк Илија, на ден Илинден. И годинава на 2 август Македонците од Егејскиот дел на Македонија масовно ќе бидат на Четириесет и втората Светска Македонска Средба во Трново.

БУКУРЕШКИОТ ДОГОВОР ЗА МАКЕДОНЦИТЕ ПОВЕЌЕ НЕ ВАЖИ!

Светскиот Македонски Конгрес, Матицата на иселениците од Македонија, Сојузот на Македонците од Егејот МАКЕДОН и Сојузот на Македонците со исламска религија декларираат дека Балканските војни за Македонија и Македонците се окупаторски, а земјите учеснички во војните, потписнички на Букурешкиот договор извршија окупација врз Македонија и геноцид врз македонскиот народ кој се’ уште трае. За Македонците од сите делови на Македонија во целиот свет, Букурешкиот договор повеќе не важи. Бараме права и слободи во земјите каде што живееме, извинување и репарации од владите на окупаторските земји, повикуваме на семакедонско помирување и обединување, репатријација и реституција, бараме враќање на државјанствата, граѓанските, имотните и наследните права на насилно прогонетите Македонци од Егејскиот дел на Македонија од Балканските војни, ја реафирмираме Македонската национална програма донесена 1990 година во предвечерието на распаѓањето на поранешна СФРЈ. Бараме итен и безусловен прекин на разговорите за разликата за државното име Македонија и продолжување на членството во Обединетите Нации и во сите меѓународни организации под државното име Македонија со уставната додавка “Република“, без латинична транскрипција на македонскиот јазик (Republika Makedonija), туку на англиски јазик “The Republic of Macedonia“, со меѓународниот код МК, односно МКД, како јасна разлика од истоимената северна грчка провинција Македонија и југо-западна бугарска провинција Македонија, и нотификација на македонскиот народ и македонскиот јазик, на англиски јазик “The Macedonian people“ и “The Macedonian Language“, независно од историските хипотеки – окупацијата и геноцидот. Посакуваме нормализација на односите со Атина, Софија, Белград и Тирана, нудиме историско помирување со соседните народи и договори за траен мир и добрососедство меѓу Македонија со соседните држави, затоа што Македонците се цивилизација на мирот и љубовта, наспроти војната и омразата, Македонците се основата на Нова Европа и на современиот културен глобализам.

ИНИЦИЈАТИВА ДО ООН ЗА ПОВТОРНО ОТВОРАЊЕ НА ПРАШАЊЕТО ЗА НАСИЛНО ПРОГОНЕТИТЕ МАКЕДОНЦИ ОД ЕГЕЈОТ

Ќе поведеме иницијатива до Обединетите Нации, да ја продолжи расправата во Генералното Собрание од 1948 година, за насилно прогонетите Македонци од Егејскиот дел на Македонија од Балканските војни 1912-1913 година и од Граѓанската војна во Грција 1946-1949 година, со епилог донесување Резолуција за враќање на државјанствата, граѓанските, имотните и наследните права.

МАКЕДОНСКО ДРЖАВЈАНСТВО ЗА СИТЕ МАКЕДОНЦИ!

И натаму бараме безусловно право на македонско државјанство за сите Македонци по потекло во светот и избирачко право за сите македонски државјани во светот со електронско гласање.

23 ГЕНЕРАЛНО СОБРАНИЕ НА СВЕТСКИОТ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС НА 9 АВГУСТ

На 9 август, во 10.30 часот, во Музејот на ВМРО, во Скопје ќе се одржи Дваесет и третото Генерално Собрание на Светскиот Македонски Конгрес, на кое ќе се донесе Резолуција за Балканските војни и Букурешкиот договор, Резолуција за државното име Македонија, Резолуција за семакедонско помирување и обединување и Резолуција за реафирмација на Македонската национална Програма. Светскиот Македонски Конгрес ги повикува македонските организации во сите делови на Македонија и во светот да присуствуваат на Генералното собрание со свои претставници, барем еднаш за 100 години од поделбата на Македонија да демонстрираме семакедонско единство, помирување и обединување.

ПОМЕН НА БОГОРОДИЦА, НА ГРАНИЦАТА НА ПОДЕЛБАТА НА 10 АВГУСТ

На 10 август, во 12.00 часот, на граничниот премин Богородица, Гевгелија, на местото каде што пред 100 години е поделена Македонија, во неможност да се посетат гробовите во окупираниот дел, поради забраната за влез од Грција на насилно прогонетите Македонци, до каде што е можна слобода на движење, семакедонска делегација ќе одржи прес конференција и ќе положи цвеќе за загинатите и упокоените од Балканските војни до денес, за ослободувањето и обединувањето на Македонија. Во помен на жртвите од Балканските војни ќе упатиме силна порака до светот за мир и љубов, против војни и омраза. Простуваме, ама не забораваме, било, да не се повтори! Граничниот премин нема да биде блокиран, меѓутоа на сите патници на излез од и на влез во Македонија, тој ден, ќе им делиме флаери на англиски и македонски за стоте години окупација врз Македонија и стоте години геноцид врз Македонците. Сакаме да го потсетиме светот дека на тоа место пред 100 години е ставена граница меѓу Македонците, дека на тоа место пред 100 години е ставена граница во срцето на Македонија… епилогот е етничко чистење и геноцид врз македонскиот народ кој се’ уште трае до денес!

КОМЕМОРАЦИЈА ЗА ЖРТВИТЕ ОД БАЛКАНСКИТЕ ВОЈНИ ВО МПЦ “СВЕТИ ДИМИТРИЈА“ ВО СКОПЈЕ НА 10 АВГУСТ

На 10 август, во 18.00 часот, во црквата “Свети Димитрија Солунски“ во Скопје ќе се одржи комеморација со панихида за жртвите од Балканските војни, а веднаш по тоа, во 19.00 часот, во Музејот на ВМРО, ќе се одржи Академија посветена на Балканските војни и Букурешкиот договор од 10 август 1913 година. На Академијата со едноминутно молчење ќе им’ се оддаде почит на загинатите и упокоените Македонци од Балканските војни до денес, ќе се поднесе реферат за Балканските војни, ќе се прикаже кусометражен документарен филм за Балканските војни и ќе се изведе монодрама за поделбата на Македонија.

БАРАЊЕ ДО МПЦ НА 10 АВГУСТ ВО 12 ЧАСОТ СО ПАНИХИДА ДА БИЈАТ КАМБАНИТЕ НА СИТЕ ЦРКВИ И МАНАСТИРИ ВО МАКЕДОНИЈА И СВЕТОТ ВО ПОМЕН И СПОМЕН ЗА БАЛКАНСКИТЕ ВОЈНИ, БИЛО ДА НЕ СЕ ПОВТОРИ!

Упативме барање до Архиепископот Охридски и Македонски во сите цркви и манастири на Македонската Православна Црква во целиот свет на 10 август да се одржат панихиди за загинатите и упокоените од Балканските војни до денес, за ослободувањето и обединувањето на Македонија. Побаравме во 12 часот да удираат сите камбани на македонските цркви и манастири во целиот свет за помен на жртвите од Балканските војни и за спомен на поделбата на Македонија и македонскиот народ.

ПОВИК ДО МАКЕДОНСКИТЕ ЗАЕДНИЦИ ВО СВЕТОТ ЗА МИРНИ ПРОТЕСТИ НА 10 АВГУСТ ПРЕД ПАРЛАМЕНТИТЕ ИЛИ ВЛАДИТЕ ВО ЗЕМЈИТЕ КАДЕ ЖИВЕАТ

Ги повикуваме сите Македонци и македонските заедници во целиот свет на 10 август во 12 часот, или кога тоа ним им’ одговара, да одржат мирни протести пред парламентите или владите во земјите каде што живеат во знак на помен за жртвите од Балканските војни, за ослободувањето и обединувањето на Македонија, и за спомен на поделбата на Македонија и македонскиот народ, под слоганот “100 години окупација – 100 години геноцид“, со реферат за 10 август и резолуција за Балканските војни и Букурешкиот договор и државното име, а до владите во земјите кои се уште не не’ признале, да поднесат писмено барање за воспоставување дипломатски односи со Македонија под нејзиното државно име. На тој начин ќе го одбележиме Десетти Август како Ден на семакедонското помирување и обединување!

ПОМЕН ЗА ЖРТВИТЕ ОД НАПАЛМ-БОМБАРДИРАЊЕТО НА ГРАМОС И ВИЧО ВО “ГРАЃАНСКАТА“ ВОЈНА ВО ГРЦИЈА 1946-1949

На 27 август во 10.00 часот, во црквата “Свети Димитрија Солунски“ во Скопје, пак, ќе се одржи комерморација за жртвите од напалм-бомбардирањата на Грамос и Вичо во Граѓанската војна во Грција 1946-1949, а веднаш по тоа во 11.00 часот, во Музејот на ВМРО ќе се одржи академија посветена на Граѓанската војна во Грција и последиците од неа по Македонците.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment