MKDNews.com

СМК ЈА ПОВИКУВА ПАН-МАКЕДОНИКИ НА ДИРЕКТНИ РАЗГОВОРИ

јули 15
20:10 2013

Во Грција има се’ само Грци не’, затоа што Грк не значи етничка припадност туку верско уверување – православен, а до Балканските војни 1912-1913 година Македонија никогаш не била грчка!

Одбележувајќи 100 години окупација врз Македонија и 100 години геноцид врз македонскиот народ од Балканските војни до денес, Македонците од сите делови на Македонија во целиот свет ги отфрлаат антимакедонските барања на грчката дијаспора за непризнавање на Македонија под нејзиното државно име и на македонскиот народ.

Македонците како цивилизација на мирот и љубовта а не на војната и омразата, простуваат ама не забораваат!

Македонците од сите делови на Македонија во целиот свет декларираат дека културата и историјата на Македонија не се ексклузивно право, туку дел од културно-историскиот идентитет на сите балкански демоси како современи политички нации во чијашто основа е македонскиот етнос, независно од разликите во читањето на историјата од аспект на актуелната гео-политика, дури и независно од разликите меѓу современите литературни јазици како производ на современите политички нации.

И покрај историските хипотеки, Светскиот Македонски Конгрес (СМК) повикува на македонско-грчко помирување и Договор за траен мир и добрососедство меѓу Македонија и Грција, и упатува јавна покана до организацијата “Пан-Македоники“ за директни разговори за унапредување на односите меѓу македонскиот и грчкиот народ, државите Македонија и Грција и меѓу Македонците и Грците во светот!

СМК смета дека во Македонија се добредојдени сите кои ги почитуваат уставниот поредок, законите на државата и меѓународното право, и не се сомнева дека Владата ќе го штити јавниот ред и мир во случај на поттикнување и разгорување на национална, расна и верска омраза, раздор и нетрпеливост од домашни и странски државјани.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment