Скопјанец прободен со нож во паркот „Жена-борец“
јули 29
14:29
2013
40-годишниот А.Р. од Скопје, вчера во 15:30 часот, бил прободен со нож во Скопје во паркот „Жена-борец“, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Според првичните информации на полицијата, по претходна расправија помеѓу двете лица, засега непознат напаѓач прво физички го нападнал А. Р. (40) од Скопје и со остар предмет му нанел повреда во пределот на слабината.
Се преземаат мерки за откривање на сторителот и за расчистување на случајот.
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment