MKDNews.com

Скопјанец физички нападнал полицаец во Охрид

јули 02
16:57 2013

napad1wwПоради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“, СВР Охрид против К.А.(19) од Скопје поднесе кривична пријава. Од страна на истражен судија при основниот суд во Охрид, на К.А. одреден му е притвор во траење 30 дена. Против него како и против С.Г.(21) од Скопје пријава е поднесена и по основ на сомнение дека заедно сториле пет тешки кражби и едно казнено дело „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
На 30-ти минатиот месец, при претрес на соби изнајмени од пријавените, притворениот К.А. со раце и нозе нападнал полициски службеник. Тој со повеќе удари по главата и телото физички го нападнал полицискиот службеник кој реализирал задачи од областа на безбедноста. Настанот се случил околу 18 часот на улицата „Славеј планина“ во изнајмени простории каде полициските службеници вршеле претрес со цел пронаоѓање предмети што потекнуваат од кривични дела. Откако го нападнал полицискиот службе- ник нанесувајќи му телесни повреди, сега притворениот почнал да бега но набрзо е пронајден во подрум од зграда на булеварот „Туристичка“.
Претходно, двајцата пријавени насилно отвориле апартман на Кеј „Маршал Тито“Ј.М. одкаде противправно одзеле 70 евра, три мобилни телефони, сребрен и златен накит по што со подесен алат насилно отстраниле метална решетка од месара на улица „Јане Сандански“. На 29-ти минатиот месец околу 13 часот, пријавените искористиле невнимание на турист и од негов несесер оставен на плажа одзеле 3000 денари, два мобилни телефони и еден дигитален фото- апарат. Од истата плажа успеале да одземат една женска ташна во која имало два мобилни телефони и помала сума пари. Истиот ден, тие го искористиле невниманието на двајца туристи кои се сликале на кеј „Маршал Тито“ и одзеле паричник со 400 евра и еден мобилен телефон.
Со извршените казнени дела, двајцата пријавени се стекнале со противправна имотна корист од 131.000,оо денари.
При претресот во изнајмената соба во Охрид, пронајдени се целофанско паковање со непозната прашкаста материја, штрафцигер и друг подесен алат и нараквици. Предметите се одземени и дадени на вештачење во Министерство- то за внатрешни работи во Скопје.

napad3ww

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.