MKDNews.com

Синовите на Субрата станаа македонски државјани!

јули 16
22:31 2013

Синовите на Индиски бизнисмен со одлука на владата станаа државјани на Р.Македонија. Сееманто Рој државјанство во Македонија како што објави порталот Либертас побарал и добил пред 3 месеци, а вториот син на Субрата ,Сушанто, побарал државјанство мината недела при посетата на неговиот татко на Македонија.
Владиниот портпарол Александар Георгиевски дури денеска ги потврди информациите дека на синовите на Субрата, владата им дала наше државјанство. Портпаролот давањето на државјанствата ги образложи со членот од законот за државјанство според кој ако е од национален интерес владата може и на странец да му одобри државјанство на Р.Македонија.

Инаку милијардерот од Индија како што владата го престави Субрата Рој, според извори на Либертас за Македонија слушнал преку неговиот син Сееманто кој се запознал со нашиот бизнисмен Орце Камчев на бизнис форум во Истанбул. Познанството се изродило во дружба и препорака до премиерот Груевски да се сретне со милијардерот кој сака да инвестира големи пари во Македонија. Субрата вети Лас Вегас во Охрид при првата посета, а на секоја наредна имаше нови изненадувања односно ветувања за големи бизниси. Во меѓувреме изби скандалот со регулаторното тело на Индија кое му го конфискуваше целокупниот имот на Субрата и му ги блокираше сметките со пресуда за измама на граѓани и неплатени даноци во висина од околу 4 милијарди долари. Но и покрај тоа владата се реши да продолжи да преговара со Субрата и неговите планови за Охрид и млекопроизводство во источна Македонија и најново, продукција која ќе снимала филмови.

Сепак нашите извори велат дека македонските патни исправи на синовите на Субрата може да им се најдат за патување во светот бидејќи и тие се дел од истрагата против контроверзниот бизнисмен.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment