MKDNews.com

Силуваната Норвежанка во Дубаи се исповеда на Си-Ен-Ен (видео)

јули 21
22:43 2013

Норвешката дизајнерка на ентериери Марте Дебора Далелв проговори за Си-Ен-Ен откако доби 16-месечна затворска казна во Дубаи – таа отиде во полицијата да пријави дека била силувана од страна на свој колега.

24-годишното момче беше обвинето и осудено по обвиненијата за незаконски секс, давање лажна изјава и нелегално консумирање на алкохол.
Нејзината приказна доминира на насловните страници во Норвешка и покрена сериозни прашања околу начинот на кој жените кои тврдат дека доживеале сексуален напад- се третира во Обединетите Арапски Емирати.
Далелв за Си-Ен-Ен го опиша кошмарот- после работа излегла во бар, во Дубаи во март со тројца колеги, со кои биле на службен пат.

После излегувањето, го прашала колегата да ја испрати до нејзината соба, кога тие се вратиле во 03:00 во хотелот. Таа побарала од него да ја придружува, бидејќи хотелот бил голем и збунувачки и таа не сакала да лута низ ходниците, знаејќи дека таа пиела, рече таа.

Кога стигнале во соба, таа сфатила дека не била нејзината – но човекот потоа ја влечел внатре и покрај нејзините приговори.

130720203812-uae-marte-dalelv-story-bodyТаа вели дека не се сеќава многу пред да почне наводниот сексуален напад. “Се разбудив со мојата соблечена облека, спиев на мојот стомак, а тој ме силуваше. Се обидов да го тргнам, но тој ме турна назад надолу.”

Откако некој чукна – хотелскиот повик за будење – таа успеала да се облече и да оди долу до хотелската рецепција. ” Се јавив на полицијата. Тоа е она што го правите. Ние сме обучени за тоа од кога сме многу млади”, вели таа.

Отприлика 10 или 12 машки полицајци пристигнале, но не и жена- полицаец, рече таа.

Изјавите биле земени од двајцата- и од Далелв и од наводниот силувач.

Таа тогаш била однесена во Буд Дубаи полициска станица.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment