MKDNews.com

Силен земјотрес од 6,9 степени го потресе Нов Зеланд (видео)

јули 21
17:15 2013

Силен земјотрес со интензитет од 6,9 е регистриран во реонот на престолнината на Нов Зеланд Велингтон, соопшти Американскиот институт за геофизика.

Не е прогласена тревога за цунами по потресот чиј епицентар бил на 57 километри југозападно од Велингтон на длабочина од 10 километри. Неколку минути по потресот е регистриран секундарен земјотрес со јачина од 5,5 степени по Рихтер.

– Се се тресеше и вибрираше околу 30 секунди, изјавил за АФП жител на крајбрежниот град Нелсон.

Последните неколку дена во област на околу 200 километри северно од новозеландскиот град Крајстчерч имаше серија од потреси, кои не предизвикаа посебни штети. Како што е познато, Крајстчрч, вториот по големина град на островската држава, тешко настрада во февруари 2011 година од силен земјотрес при што загинаа 185 лица.

Нов Зеланд е лоциран во областа на т.н. Огнен прстен – меѓу австралиската и пацифичката тектонска плоча. Годишно во регионот се случуваат скоро 15 илјади потреси.


0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.