Штрајк на приватните телевизии во Грција
Приватните телевизии во Грција прогласија 24-часовен штрајк во знак на солидарност со отпуштените работници од државната радиотелевизија ЕРТ, кои повеќе од еден месец ја држат окупирана зградата на медиумот и емитуваат вести преку интернет.
За време на штрајкот телевизиите во Грција нема да емитуваат програма во живо, туку само забавни емисии и филмови.
Пратениците вчера ги отфрлија предлозите на главната опозициска партија СИРИЗА за формирање комисија, што ќе ја разгледува одлуката за затворање на ЕРТ на 11 јуни.
Заменик-министерот за култура, кој од Владата доби дополнителна надлежност над јавните медиуми, Панделис Капсис, изјави дека за неколку денови ќе биде објавен конкурс за првите 500 работни места во новиот медиум, во кој ќе има 2.000 вработени.
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment