MKDNews.com

Што ќе се случи со нашите профили на Фејсбук кога ќе умреме?

јули 07
03:40 2013

Ние сме првата генерација на луѓе кои имаат онлајн идентитети, така што кога некој умира, неопходно е да се развие нов начини на управување со овие идентитети.

Фејсбук нема да го отстрани профилот на починатиот освен ако неговото семејство не го побара тоа. Неодамна од социјалната мрежа објавија нов насоки за „меморијални“ тајмлајн на социјалната мрежа.

Кога едно лице ќе умре, ние ќе ја овековечиме неговата сметка за да ја заштитиме неговата приватност. Еве некои клучни карактеристики на „вечниот“ профил:

– Никој не може да се логира на таа сметка и да прифаќа нови пријатели;

– Во зависност од подесувањата за приватност на починатиот, пријателите можат да споделат заеднички спомени на неговиот ѕид;

– Секој ќе може да испрати приватна порака до починатиот;

– Содржината што покојникот ја објавувал, (фотографии, постови и сл.) останува на Фејсбук и може да ја гледаат и понатаму пријателите кои и досега имале дозвола да го прават тоа;

– Меморијалниот тајмлајн не се појавува во „People You May Know”, (Луѓе што можеби ги знаете), ниту меѓу другите сугестии на Фејсбук.

rip.fwСтудентот Џед Брудбакер ги проучувал профилите на починатите на социјалните мрежа, особено на „Мајспејс“(MySpace) и тоа неколку години по смртта. Тој го објавил и својот научен труд на оваа тема „Смртта на социјалните мрежи“, со цел да внесе малку светливна врз феноменот на мртви луѓе кои се уште се живи онлајн.

-Она што изненадува (на „Мајспејс“) е дека луѓето се уште „комуницираат“ со овие профили, доаѓаат на нив и постираат за да кажат на некој начин „Ми недостигаш“ и тоа години и години по смртта. објаснува Брудбакер.

-Додека ја правевме анализата исто така забележавме дека пости практика што се применува со профилите на починатите. Луѓе делат спомени, слики, случки со таа личност како да е се уште жива, додава тој.

Постои концепт наречен „Infosuicide“ кој означува еден вид на информациско самоубиство кога едно лице целосно ќе го избрише сопствениот идентитет на интернет. Програмерот Марк Пилгрим еден ден избришал се’ што направил онлајн, оставајќи ги своите следбеници збунети, незнаејќи како да продолжат. Многумина веруваат дека програмерот направил многу добри работи за онлајн заедницата и дека неговата историја на интернет треба да биде архивирана, додека други веруваат дека неговата желба била да избрише сè и тоа треба да се почитува. Дебатата на оваа тема се уште трае.

Она што е сигурно е дека години по нашата смрт, луѓето се уште ќе комуницираат со профилите на мртвите. Она што е кажано онлајн останува таму засекогаш, и секој еден од нас неизбежно ќе биде овековечен преку она што некогаш го објавил.

Tags

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment