MKDNews.com

Сенаторот Марк Кирк со честитки до новиот министер Џери Наумоф

јули 02
15:15 2013

Senator_Mark_Kirk_official_portraitКако што информираОбединетата македонска дијаспора американскиот сенатор Марк Кирк од државата Илиној му испрати писмо честитка до новиот македонски министер за привлекување странски инвестиции Џери Наумоф.

Почитуван Џери,

Честитки за Вашето недамнешно назначување за нов македонски министер за привлекување на директни стански инвестиции.

Вашите неуморни напори во полза на американско-македонската заедница се навистина за пофалба и Вашите деловни способности Ве чинат идеално соодветни за оваа позиција. Сигурен сум дека спремно ќе им одговорите напредизвиците и дека успешно ќе ја извршувате вашата нова функција во склоп на владиниот кабинет.

Воедно, сакам да Ви се заблагодарам и за Вашата функција во мојот советодавен одбор за Европа, и покрај тоа што ќе ни недостига Вашиот придонес. Искрено се надевам дека преку Вашата работа со Премиерот Никола Груевски, Македонија и Соединетите Американски Држави ќе бидат во можност и понатаму да ги зацврстуваат нивните билатерлани односи.

Повторно, Ви посакувам сè најдобро во вашите идни стремежи.

Со Почит,

Марк Кирк

За оригиналното писмо кликнете тука,

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment