MKDNews.com

Се удави момче во реката Црн Дрим во Струга

јули 30
15:26 2013

Како што информираат од полицијата, Момче од Пласница кичевско работело како шофер во Здравствениот дом. Ги донел болните на дијализа во струшката болница, па одлучил да се разлади во ладната река..По скокот тоа почнало да се дави и да бара помош.
Како што информираат од СВР Охрид, откако момчето скокнало од мостот на поезијата испливал педесетина метри и од непознати причини почнал да се дави. Неговиот татко и неколкуте пријатели кои биле со него се обиделе да му помогнат но, не успеале.

Минувачи го забележале неговото тело и повикале полиција и Брза помош, но лекарите само ја утврдиле смртта. Според првичните информации, при скокот најверојатно си ја повредило главата по што и се удавило.

Реката Црн Дрим е атрактивна за младите кои најчесто изведувајки разни лудории скокаат од мостовите, но треба да се знае дека е брза длабока и опасна, особено за оние кои не ја познаваат добро.

-Треба да се стави некој знак дека ее забрането капењее и готово. Дека прети опасност, вели еден стружанец.

– Ова треба еднаш засекогаш да престане. Во Дрим да не се капат. Луѓето кои доаѓаат во Струга од други градови мислат дека може да се капат во реката исто како на плажа, вели друг стружанец.

– Зависи од човекот. Некој може да плива некој не може да плива во Црн Дрим. Јас овде пливам од седум години, вели помлад стружанец.

Ова е прва жртва годинава од давење во охридско струшкиот регион.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment