MKDNews.com

Се пржат јајца на врелиот асфалт (фото)

јули 29
20:06 2013

Високите температури во Босна и Херцеговина, кои вчера го надминаа 40-тиот степен, денеска достигнаа до 50 Целзиусови степени и го растопија асфалтот по патиштата.

Жител на босанскиот град Грачаница се обидел на врелиот асфалт да испржи јајца и според фотографијата успеал во тоа.

Белката од јајцето веднаш се впила во врелиот асфалт, а жолчката се испржила за дваесетина минути.

На централниот плоштад во Бања Лука денеска беше измерена температура над 50 Целзиусови степени, а под сенките на градскиот парк термометрите покажаа 43 степени.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.