Се поплави центарот на Охрид (фото)
Една од нај познатите пешачки зони во Охрид преку која се стигнува до нај популарните угостителски објекти но и до старото јадро на Охрид и денес беше прелиена со вода која изби од одводоната канализација, а по улицата беше скоро невозножно да се помине пешки ,пушува Охрид1.
Никола Икономов директорот на Нискоградба, запрашан од Охрид1 дали се размислува за изнаоѓање на трајно решение за овој проблем кој трае со години, наместо да одговори вели „ вие во елементарнава непогода , на среде дожд ојдовте таму да сликате ?“
„Кога бев на времето за таа работа тука се направи канализација. Тоа знам сигурно бидејќи јас го работев, и тој систем неприкосновено функционираше. Во вакви услови кога има преголем прилив на вода и кога пумпите не може да го примат наеднуш целиот тој прилив нормално е да има поплава. Сега сигурно нема и немојте 5 минути да чекате и тогаш да слиакте. Кај и да појдите во било кој град не само во Охрид туку и Скопје сега е поплавено, ви гарантирам и среде чаршија е избиена вода. Моменталната состојба не е предвидена за одводот, поројни дождови се моментална работа и затоа ваква е ситуацијата.
Појдете сега и ќе видите дека не е таква состојбата„ изјавил Никола Икономов за Охрид1.
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment