MKDNews.com

Се бара наследникот на Паско Кузман

јули 18
23:40 2013

Откако в.д. директорот на Управата за заштита на културното наследство, Паско Кузман, заврши во домашен притвот под сомневање дека ја злоупотребил службената должност, Владата бара негов заменик. Како што пренесува весникот Вест, токму Владата сеха ја има клучната улога и надлежност за избор на неговиот наследник.

Во изјава за весникот, владиниот портпаролот Александар Ѓорѓиев, потврдиле дека десетина кандидати веќе влегле во потесниот круг.

„Во рамките на првиот јавен повик за пријавување за ангажирање на раководни позиции, кој беше објавен пред месец и половина, предвидена е и позицијата директор на Управата. Во однос на истата имаме добиено кандидатури од околу триесетина лица, нивните писмени поднесоци беа разгледани и веќе е завршена и првата фаза на интервјуа, во која сите кандидати имаа можност непосредно да ги претстават нивните ставови, идеи, погледи, програми пред стручни тимови, составени од носители на функции во државните институции. По оваа фаза, направена е потесна селекција на кандидатите и се определени околу десетина кандидати со кои ќе биде направено до­ полнително интервју”, вели Ѓорѓиев за Вест.

Паско Кузман, полицијата го товари дека пред две години незаконски дал согласност да се ископува во близина на Делчево и на Катланово. Медиумите тогаш шпекулираа дека на овие локации наводно се бара злато оставено од Германците во 1944 година. Никогаш не беше откриено дали е најдено златото на Германците, но според истрагата на МВР, Паско Кузман, заедно со еден од раководителите во Управата, кој го поттикнал да ги потпише согласностите, ја загрозиле безбедноста на културното наследство.

Освен што незаконски ги потишал согласностите за ископите, според пријавата, Кузман го оштетил и буџетот, барајќи полициско обезбедување на локациите, што МВР го чинело околу 20.000 евра, а оваа сума никогаш не ја платил.

Инаку, ова не е прв пат Кузман да се соочува со кривично гонење, тој во 2002, откако беше сменет од директорското место во Завод и музеј во Охрид, доби кривична пријава.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment