СДСМ: Владата да не влегува во нови коруптивни зделки(видео)
Пред потпишување на каков било договор со Субрата Рој, Владата да го објави текстот на договорот, да се види точно какви поволности му дава и најважно – какви конкретни обврски тој ќе преземе, вклучително и колкави банкарски гаранции, рече во сабота на прес конференција портпаролот на СДСМ Петре Шилегов.
„Пред Владата да му подари на Субрата Рој илјадници хектари најубаво крајбрежје и плодна земја, инсистираме истата да одговори кои се парцелите кои ќе му бидат продадени на Субрата Рој?, колку чини земјата која ќе ја продаде Владата и која цена ќе ја плати Субрата Рој? Зошто нудат цена под пазарни услови, ако тој тврди дека е милијардер? Зошто Субрата Рој тврди во негова изјава пред индиските органи дека поседува само 915000 долари? Зошто Владата не почека да се расчистат обвинувањата за криминал во Индија”, рече Шилегов.
Тој ја повика Владата да не влегува, како што рече, во нови коруптивни зделки.
„Ако Субрата Рој ги излажал индиските инвеститори, која е гаранцијата дека нема да нѐ излаже и нас, ако се има предвид дека влогот на Македонија е македонскиот бисер – Охридското езеро? Со евентуален неуспех, цената којашто ќе ја плати Македонија е огромна и од финансиски, и од социјален, и од еколошки аспект”, порача портпаролот на СДСМ.
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment