СДСМ бара државниот врв да свика итна средба
СДСМ денеска порача дека земјава мора да ја информира меѓународната заедница за фактот дека Грција ја злоупотребува својата позиција на членка на ЕУ и НАТО во спорот.
„За непринципиелноста на грчката страна и злоупотреба на позицијата на членство во ЕУ и НАТО, спротивни на стандардите и принципите на Унијата и Алијансата, неопходно е да бидат запознаени меѓународната заедница и инволвираните во обидите за изнаоѓање решение“, се вели во партиското соопштение.
Како што стои во дописот од најголемата опозициска партија, „наводите во писмото на премиерот Самарас до премиерот Никола Груевски, оние што се пренесени во медиумите, укажуваат за неконструктивноста на Грција во спорот со Македонија“.
СДСМ бара и државниот врв да свика итна средба.
„СДСМ инсистира македонскиот државен врв итно да ги повика на средба сите релевантни политички субјекти во Република Македонија. Да ги презентира информациите во каква фаза се преговорите и да ги запознае со позициите на македонската страна во спорот со Грција.
Никој, па ниту премиерот Груевски, претседателот Иванов и владејачката ВМРО-ДПМНЕ, нема право на ексклузивно авторство и на затвореност по ова прашање од суштинско значење за земјата“, се вели на крајот на дописот.
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment