MKDNews.com

Самохраната мајка на две дечиња ќе добие нов дом

јули 29
21:18 2013

Самохраната мајка Слаѓана Влајковиќ и двете малолетни дечиња добија засолниште. Привремено ќе престојуваат во конаците на бањанскиот манастир Св. Илија.

Медиумите вчера ја објавија приказната за Влајковиќ, која заедно со двата сина остана на улица , бидејќи невенчаниот сопруг и татко на децата ја напуштил, а нејзиното семесјто не ја примало назад.

Отако ја видел веста, градоначалникот на Чучер Сандево се понуди да и помогне. Прво ќе добие привемено сместување во манастирот. Доколку прифати, ќе стане жител во оваа општина, ќе добие куќа и работа .

По објавената сторија за 24 годишната скопјанка , парична помош почна да пристигнува од многу граѓани. Слаѓана е среќна бидејќи нејзината голгота заврши и не мора да оди веќе од врата на врата да се моли за помош.

Од петокот , беше згрижена во просториите на детската амбасада Меѓаши.

Финансиска помош и сместување вети и министерот за труд и социјала.

Влајковиќ веќе има поднесено барање за да добива социјална помош секој месец. Надлежните велат постапката е во тек и таа наскоро ќе почне да го добива надоместокот од околу 4000 денари секој месец.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.