MKDNews.com

Само во Македонија: Две жени со ист матичен број

јули 07
01:51 2013

Музејенка Малиќи (57) од Прилеп, не може да го оствари правото на социјална помош веќе три години, затоа што има ист матичен број, со друга жена во Tетово, објави Телма.Таа и нејзиното семејство до пред 3 години го остварувале ова право, но во 2009 година при обид да ги обнови документите добила одговор дека има годишен приход од 90.000 денари oд пензија, иако нема ниту ден работен стаж.

Малиќи вели дека нема пари да оди и да вади лична карта. Невладината организација РОМА С.О.С. три години се обидувала да помогне да се реши случајот, бил поведен спор пред Управен суд, а според донесената пресуда прилепскиот Центар и Министерството за социјална работа било наложено да го утврдат идентитетот на жената и да донесат законска одлука. З случајот Малиќи бил известен и прилепскиот Центар.

Од Министерството за труд и социјална политика информираат дека во понеделник екипа на прилепскиот Центар ќе го посети семејството и ќе помогне околу постапката за добивање потребна документација за да се утврди идентитетот на Музејенка со којшто таа и семејството ќе го остварат правото на социјална помош. Според Министерството случајот досега не бил решен зашто имало проблеми во постапката меѓу центрите во Тетово и Прилеп.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.