Руски нацисти мачат геј тинејџери и ставаат снимки на интернет (видео)
Откако во Русија се усвоија новите закони против т.н. “Хомосексуална пропаганда”, локални неонацисти охрабрени од хомофобичните изјави на претседателот Путин, почнале кампања со насилство против руските тинејџери кои се геј
Неонацистите отворено се фалат со вознемирувачки фотографии и видеа објавени на интернет, со што ги прогонуваат и злоставуваат тинејџерите хомосексуалци.
Познат под името “Сатара”, рускиот неонацист Максим Марцинкевич, кој во меѓувреме за време на режимот на Владимир Путин се трансформира во екстремен националист, организирал кампања на насилство и прогон на руските геј тинејџери во Русија, кои ги пронаоѓа на популарната социјална мрежа VKontakte.com.
Руските неонацисти отвораат лажни профили, преку кои договарале средби со геј тинејџерите, а оние кои ќе се појават на договореното место ги очекувало злоставување, понижување и тепање.
Целата хомофобична кампања инаку е претставена како борба против педофилија, иако останува нејасно каква е таа борба против педофилија со тортура на 16-годишници, додека руските хомофоби се фалат отворено на интернет со нивните “подвизи”, објавуваат фотографии и снимки, каде се изживуваат против геј клинци.
Организациите за човекови права објавија дека поради тоа неколку тинејџери извршиле самоубиство. Застрашувачки е и тоа што се злоставувањето и мачењето често се случува среде бел ден на улица, минувачите ги игнорираат нападите врз геј тинејџерите, па дури ги фалат мачителите за нивните постапки.
(Извор: T.portal)
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment