MKDNews.com

Руска ракета се распадна веднаш по лансирањето (видео)

јули 02
13:39 2013

Руска беспилотна ракета која носела три сателити се урнала кратко по полетувањето од космодромот Бајконур во Казахстан. Нема извештаи за повредени.

Државната телевизија Россиа 24 прикажа снимки на кои се гледа како ракета од типот Протон-М неколку секунди по полетувањето ротира и се распаѓа во воздухот, паѓајќи во вид на огнена топка во близина на лансирната рампа.

Агенциите јавуваат дека казахстанските власти ја разгледуваат можноста за евакуација на населението од околните градови, поради потенцијалната опасност за здравјето од токсичноста на горивото што го користат ракетите.

Државната новинската агенција РИА соопшти дека причината за несреќата би можело да биде проблем со моторот или системот за насочување, а според првичните извештаи проценетата загуба е околу 200 милиони долари.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment