Роберт Де Ниро и Морган Фримен лудуваат во Лас Вегас
јули 20
19:25
2013
Во филмот „Last Vegas“, Морган Фримен, Мајкл Даглас, Роберт де Ниро и Џери Ферер во шестата деценија одат во Лас Вегас на ергенска вечер за последниот што се жени од нивната „опасна банда“…
Били (Мајкл Даглас) е лудо заљубен во неговата девојка, која е двојно помлада од него.
Четворицата добри актери добро се забавуваат и лудуваат во најголемата американска забавна индустрија, а околу нив ги имаат најубавите жени и многу алкохол.
Сепак, не е се толку идеално. Помеѓу четворицата другари често доаѓа до расправии, особено кога вечниот ерген Били и вдовецот Педи (Роберт Де Ниро), почнуваат да се борат за иста пејачка во клубот. Продуцент на овој проект е Џон Тертелтаб, а светската премиера е планирана за први ноември годинава.
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment