MKDNews.com

Рио де Женеиро: Демонстрации поради папата (видео)

јули 23
18:14 2013

Бразилската полиција со солзавци и водени топови ја растури насобраната маса демонстрантите пред палатата во која што се состанаа поглаварот на Римокатоличката црква, папа Франсис и претседателката на Бразил, Дилма Русеф.

„Франс прес“ наведе дека најмалку еден демонстрант е уапсен додека фотограф со повреди на главата лежел на земјата, само неколку моменти по обраќањето на поглаварот на Римокатоличката црква до јавноста во палатата на гувернерот на Рио де Женеиро.

Папата вчера отпатува во седумдневна посета на Бразил по повод Светскиот ден на младите, а илјадници бразилски католици и странски верници на авениите во Рио му искажаа добредојде.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.