MKDNews.com

Реконструкција на Железничката станица во Скопје

јули 04
17:47 2013

zeleznicka-stanica-SkopjeЖелезничката станица во Скопје до 2015 година треба да биде целосно реконструирана. Постапката за рехабилитација и надградба почна денеска со објава на тендер за избор на градежна компанија.

– Проектот го реализираме со финансиска помош на Европската унија во износ 2,5 милиони евра. Од нив, 85 отсто се од фондовите ИПА, а 15 отсто се од домашно финансирање. Реконструкцијата е по цели 33 години, односно од изградбата на Железничката – изјави министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески.

Тендерот трае до трети септември. Јанакиески очекува изборот на градежната компанија да заврши најдоцна до јануари наредната година и да почнат градежните работи. Предвидено е постапката да трае една година.

Најголем дел од инвестицијата ќе биде внатрешно уредување. Ќе се реконструираат и приземјето, мезанинот и платформата. Ќе се постават два нови лифта, ќе се реновираат чекалните, влезот во станицата ќе има пристап за лицата со хендикеп, а ќе се постават и нови информативни табли.

Преку Железничката станица во Скопје минатата година се превезени 653.868 патници.

(МИА)

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment