MKDNews.com

Разбиен ланец на трговија со деца во САД, ослободи 105 сексуално злоставувани деца (видео)

јули 29
19:48 2013

Во рација на ФБИ во 76 американски градови уапсени се 150 макроа, а ослободени се 105 деца кои биле сексуално злоставувани.

Најмладото дете имало 13 години и се проституирало на различни локации – на бензиски за камиони, казина, мотели, а нејзините услуги биле нудени на социјалните мрежи и на интернет реклами.

На прес-конференцијата, ФБИ соопшти дека околу 150 подведувачи се уапсени за време на тридневните рации ширум земјата. “Детската проституција останува постојана закана за децата ширум Америка. Оваа операција е потсетник за овие гнасни злосторства и истите можат да се случат било каде. ФБИ сака да му стави крај на овој циклус и одговорните да ги доведе до пред лицето на правдата”, изјавил Ро Хоско, заменик директорот на единицата за злоставување на деца при ФБИ.

Операцијата наречена „Низ Земјата“ е најголема од ваков вид во рамките на иницијативата на ФБИ за спасување на невини лица

Од 2003 година досега во слични акции се спасени 2.700 деца.

Во операцијата учествувале 47 ФБИ единици, повеќе од 3.900 локални, државни и сојузни полициски службеници и 230 агенти од најразлични агенции.

Погледнете дел од операзијата .

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment