Путин: Мајка ми ме крстила скришно од татко ми
јули 23
18:59
2013
Претседателот Владимир Путин во документарниот филм „Второто крштевање на Русите“ кој беше прикажан во понеделникот на телевизискиот канал Русија изјави дека во детството мајка му го крстила скришно од татко му, кој бил член на Комунистичката партија.
Путин исто така изјави дела враќањето на русите кон православната вера се случило природно, без форсирање од страна на државата и црквата. На тој начин, по зборовите на претседателот, се исполнил вакуумот кој кај граѓаните останал по распадот на СССР. Според зборовите на Путин, овој простор било можно да се пополни само со вредностите од верски карактер.
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment