MKDNews.com

Пронајдена фотографија на која Тито е потполно гол (фото)

јули 02
15:54 2013

Josip-Broz-Tito-golПоранешен претседател на СФР Југославија, Јосип Броз Тито, бил нудист. Доказ за тоа е фотографијата што ја откри новинарот и публицист Жељко Зиројевиќ, снимена во Франција пред крајот на Шпанската граѓанска војна (1936-1939).

Зиројевиќ за српскиот весник „Глас јавности“ вели дека фотографијата настанала во 1939 година во логорот за интернационалните бригадири „Гирс“ во Франција.

Улогата на Тито во Шпанската граѓанска војна е контроверзна. Според официјалните податоци, Тито како функционер на Коминтерната дејствувал главно од Париз, а за време на граѓанската војна бил во Мадрид само еден ден.

– Фотографијата е автентична и е објавена во 1961 година во зборникот „Шпанските борци“. Книгата набрзо била повлечена – вели Зиројевиќ.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment