Промоција на новиот спот на Bad Contract за песната “Дупни ме јако”
Денес (21.07.2013) во ноќниот клуб Арена во Охрид, ќе се одржи промоција на третиот спот на Bad Contract за песната “Дупни ме јако”.
Покрај промоцијата на спотот, ќе настапат и БС Генерација, Бизи и Коса, а DJ кој ќе стои зад грамафоните од почетокот до крајот на вечерта ќе биде DJ Eazzy.
Спотот е изработен од страна на Пеце Настевски. Почетокот на журката започнува во 22 часот и ќе трае до полноќ, додека влезот е бесплатен. Сите што ве водат патиштата накај Охрид, околината на Охрид и охригани, во недела патиштата нека ве водат во ноќниот клуб Арена, журката ќе е токму таму !
Во прилог ви ја презентираме и новата песна на Бизи, снимена и продуцирана во M.W.P и ви откриваме ексклузивно дека во недела промоција ќе доживее и новата песна на Бизи и Мечкаров.
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment