MKDNews.com

Проговорија киднапираните девојки од Кливленд (видео)

јули 10
06:50 2013

Аманда Бери, Џина ДеХесус и Мишел Најт, девојките кои Ариел Кастро ги киднапираше и десетина години ги држеше затворени во својата куќа во Кливленд, објавија видео снимка,во кој изразуваат благодарност до сите луѓе што им помогнале откако биле ослободени.

Станува збор за нивното прво јавно обраќање по ослободителниот чин. Утринава девојките го објавија ова видео на YouTube со цел да им се заблагодарат на сите луѓе кои им помогнале побрзо да закрепнат од монструозното злосторство што им го правел Кастро, тие биле континуирано силувани и тепани.

„Сакам сите да знаат колку сум среќна што сум во мојот дом, со моето семејство и пријателите. Сакам да им се заблагодарам на сите оние кои му помогнале на моето семејство“, вели Аманда Бери, замолувајќи ја јавноста за приватност и мир.

Џина ДеХесус им се заблагодари на сите оние кои донирале пари, а нејзината мајка Ненси испрати порака дека луѓето треба да им веруваат на соседите, бидејќи токму соседите на Кастро одиграле важна улога во спасувањето на девојките.

„Немојте да се плашите да побарате помош, бидејќи помошта е секогаш достапна“, советува Ненси.

„Ви благодарам за сите молитви, се радувам на мојот нов живот“, порачува Мишел Најт во овој емотивен видео-запис поврзан со случајот што ги потресе САД, но и светот.

 

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment