MKDNews.com

Присилно хранење на затворениците во „Гвантанамо“ за Рамазан (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

јули 09
16:51 2013

Американската влада најави дека од денеска, првиот ден празникот Рамазан, кога муслиманите го почитуваат правилото дека за време на празникот е забрането да земе храна и пијалок од утро до зајдисонце, ќе се обидат затворениците во Гвантанамо со сила да ги хранат само ноќе.

Муслиманските организации во САД одговорија на оваа одлука укажувајќи дека, со тоа што Владата на САД одбива да ја суспендира практиката на принудно хранење време на Рамазан, Вашингтон “само додава сол на рана”,пишува британскиот весник “Гардијан”

„Ние веруваме дека принудно хранење е погрешна практика, но таа е особено вознемирувачка за време на Рамазан“, изјавил портпаролот на најголемата муслиманска група во САД за човекови права, Ибрахим Хупер, додавајќи дека не само што го кршат нивниот стар верски обичај, тие ги кршат и правата на луѓето.
Инаку половина од затворениците во ужасниот затвор „Гвантанамо“во заливот Гвантанамо во југоисточна Куба штрајкуваат со глад.

Причината за штарјкот кој почнал во почетокот на февруари се мизерните услови во затворот и поради тоа што против нив не е покренато обвинение, ниту се осудени.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.