MKDNews.com

Претседателот на СДСМ Зоран Заев во ненајавена посета во Охрид

јули 08
19:34 2013

Претседателот на СДСМ Зоран Заев во моментов одржува состанок со поширокото раководство на Општинската организација на СДСМ Охрид.

Состанокот се одржува во хотелот Ривиера и засега Заев се среќава само со претседатели на Месни организации кои се пуштаат по список внатре во салата каде се одржува состанокот , а останатите не може да влезат на овие затворени состаноци и чекаат надвор.

Партијата СДСМ не ја информира официјално јавноста дека Заев е во Охрид и до јавноста до овој момент нема дадено информации за неговата посета на локалната организација.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment